Цели
Основната цел на Здружението Интелигентна Хумана Иднина (И-ХИ) Тинк-Тенк, Скопје е да промовира хумана имплементација на Вештачката Интелигенција (ВИ) и да осигура дека новите технолошки достигнувања придонесуваат кон надминување или спречување на социјални нееднаквости, економски дисрупции или опасности по човековите права. Здружението се стреми да ги заштити и унапреди човековите права, како што се правото на приватност, правото на недискриминација, правото на слобода на говор и правото на еднаквост, истовремено следејќи го глобалното темпо на технолошкиот напредок.
Здружението, исто така, работи на застапување и лобирање за унапредување на легислативата, подигнување на јавната свест и афирмирање на правата и слободите на луѓето.


Долгорочни цели на Здружението Интелигентна Хумана Иднина (И-ХИ) Тинк-Тенк, Скопје:
1. Промоција на хумана имплементација на ВИ
Поддршка на примената на ВИ во испораката на јавните услуги за зголемување на нивната ефикасност, ефективност, квалитет и опфат на корисници.
Развој на етички стандарди и практики за употреба на ВИ, кои ќе осигураат дека технологијата не ги загрозува човековите права, слободи и достоинство.
Образование и подигнување на јавната свест за потенцијалните ризици и придобивки од ВИ, со фокус на хуманиот аспект на технологијата.
2. Избегнување на социјални нееднаквости
Анализа и мониторинг на влијанието на ВИ врз социјалната и економската нееднаквост, со препораки за политики што ќе ја намалат можноста за дискриминација и нееднаквост.
Промоција на политики и законски решенија кои ќе осигураат еднаков пристап до технологиите и ќе спречат создавање нови форми на маргинализација
3. Зачувување и унапредување на човековите права и слободи
Развој на иницијативи и програми за заштита на правото на приватност, слободата на говор, недискриминација и еднаквост во дигиталната ера.
Лобирање за меѓународни договори и регулативи кои ќе ги штитат човековите права во контекст на брзиот технолошки напредок, вклучувајќи ја и употребата на Генерална Вештачка Интелигенција (ГВИ).
4. Постепено и внимателно воведување на ВИ
Промовирање на правни рамки и стратегии кои ќе осигураат дека ВИ се воведува постепено и со внимателно разгледување на потенцијалните последици врз општеството и човековите права.
Поддршка за развој на ВИ технологии кои се усогласени со принципите на транспарентност, отчетност и етичност.
5. Создавање на законски и стратегиски рамки за ВИ
Лобирање за воведување на законски норми и стандарди кои ќе ја регулираат употребата и развојот на ВИ, осигурувајќи дека тие се во склад со принципите на социјален прогрес и мир.
Поддршка за национални и меѓународни стратегии за развој на ВИ што ќе го почитуваат принципот на инклузивност, етичност и одржлив развој.
Други приоритети на здружението:
Добро владеење, партиципација и политики насочени од и кон луѓето.
Вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики.
Прифатена културна разноликост, меѓузависност и дијалог.
Социјална кохезија.
Одржлив локален и рурален развој.
Поддршка на евроинтеграцискиот процес и зајакната регионална соработка.
Здружението ќе дејствува како Тинк-Тенк (Think-Tank)
за хумано спроведување на ВИ, преку:
Организирање манифестации и јавни дебати за активно вклучување на ВИ во главните општествени текови.
Организирање и учество на семинари и советувања за разгледување на прашањата поврзани со ВИ.
Предлагање мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби за унапредување на регулативата во областа на ВИ и следење на нејзината имплементација.
Создавање авении за соработка меѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за прашања поврзани со хуманата примена на ВИ.
Организирање и спроведување на обуки за развој на капацитетите.
Соработка, поврзување и зачленување во домашни и меѓународни организации кои работат на слични теми и проблематики.